Србинот Новак Ѓоковиќ во машка и Серена Вилијамс во женска конкурецнија се одбрани за најдобри тенисери за 2012 година според Интернационалната тениска организација.

Рекетот број еден во светот Ѓоковиќ втор пат ја примаа оваа награда додека Американката Вилијамс трет се здобива со ова признание.

Ѓоковиќ сезонава освои еден гренд слем турнир Австралија Опен додека до финалето стигнуваше на Ролан Гарос и УС Опен.

Серена Вилијамс беше неприкосновена кај женските освојувајќи златен медал на Вимболдон, УС Опен и златниот медал од Олимписките игри поединечно и мешано со својата постара сестра Венус.

Мх.П.