Од НУ Библиотека „Григор Прличев“информираат дека се избрани учениците кои покажаа најдобри резултати на натпреварот „Млади библиотекари“, што се одржа минатата недела.

Според стручната комисија, ученичката Глорија Петреска од осмо одделение од ОУ „Братство и Единство“ и Симона Филкоска од деветто одделение од ОУ „Живко Чинго“ од село Велгошти, покажале најдобар успех меѓу натпреварувачите, со освоени максимум 150 бодови.

Годинава за прв пат и двете ученички ќе ја претставуваат општина Охрид на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, што ќе се одржи во локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес на 31- ви октомври.

Утре, 15- ти октомври, во 12 часот во охридската библиотека, во знак на благодарност, на сите ученици и професори кои учествуваа на натпреварот во Охрид, ќе им бидат доделени книги и благодарници.

OhridNews