Светското првенство во фудбал влегува во завршницата од групната фаза, а по синоќешните натпревари се познати нови селекции што обезбедија пласман во шеснаесетфиналето, додека во неколку групи останува неизвесност околу конечниот расплет.
Во групата Д, Турција ја совлада селекцијата на САД со 3:2, но и покрај поразот, домаќинот го задржа првото место со шест бода. Австралија со ремито без голови против Парагвај (0:0) го освои второто место и обезбеди пласман во нокаут фазата, додека Парагвај како третопласиран ќе чека разврска дали ќе биде меѓу најдобрите третопласирани селекции, а Турција ги пакува куферите и си оди дома.
Во групата Е, Еквадор приреди изненадување совладувајќи ја Германија со 2:1, но Германците и покрај првиот пораз останаа на врвот на табелата. Брегот на Слоновата Коска со победата од 2:0 над Курасао го освои второто место и се пласира во елиминациската фаза.
Во групата Ф, Холандија ја потврди доминацијата со победа од 3:1 над Тунис и го освои првото место. Јапонија и Шведска одиграа 1:1, резултат што им одговараше на двете селекции. Јапонците како второпласирани директно се пласираа во нокаут фазата, додека Шведска остана во игра како една од најуспешните третопласирани репрезентации.
Групната фаза продолжува вечерва со шест натпревари. Од 21 часот ќе се играат дуелите Норвешка – Франција и Сенегал – Ирак (група И), а од полноќ следуваат пресметките Уругвај – Шпанија и Зеленортски Острови – Саудиска Арабија (група Х), како и Нов Зеланд – Белгија и Египет – Иран (група Г). По нив ќе биде комплетиран расплетот во уште три групи и ќе бидат познати нови учесници во шеснаесетинафиналето.
OhridNews











