Селекторот Јонуз го објави списокот за пријателскиот меч со Кина на 22 декември. На него се најдоа седум играчи од домашното првенство и единаесет кои играат во странски клубови.


Еве ги 18-те играчи повикани за пријателскиот натпревар:
Голмани : Наумовски Кристијан (Динамо Б.), Богатинов Мартин (Работнички)

Одбрана : Степановски Менде (Ренова), Кралевски Игор (Металург), Мојсов Даниел (Војводина), Тодоровски Александар (Рад), Лазаревски Владе (Локомотив Астана), Лазевски Александар (Партизан), Таневски Златко (Белхатов), Карчев Никола (Шангај)

Среден ред : Алими Арменд (Истра Пула), Демири Мухамед (Тун), Глигоров Никола (Работнички), Маневски Борче (Работнички)

Напад : Кировски Христијан (Скопје), Бајрам Фетаи (Нордсјиланд), Хасани Ферхан (Шкендија), Ивановски Мирко (Арка)

Натпреварот ќе се одигра на 22 Декември во градот Фуо Шан. До сега имаме одиграно два меѓусебни  натпревари, еден пораз од 1-0 и еден нерешен резултат 0-0.

Ohridnews