Охрид забрзано се пoдготвува за претстојните празници. Украсувањето на градот денеска треба да заврши, а познати се и најголемиот дел од естрадните уметници кои ќе настапат на градскиот плоштад за дочекот на Нова година.

Како што неофицијално дознаваме охриѓани и гостите на плоштадот ќе ги забавуват Ѓоко Танески, Кербер, Денис Мурат и Аренси бенд, а се чека потврда од уште едно звучно име од домашната музичка сцена.

OhridNews