Со два интересни четвртфинални натпревари заврши борбата за место меѓу четирите најдобри екипи на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, по што е комплетирана полуфиналната програма.

Најнеизвесно беше во дуелот меѓу Сатеска и Екстра Скопско, кој по регуларниот тек заврши без победник 2:2. Патникот во полуфиналето беше решен по изведувањето пенали, каде Сатеска беше поуспешна со 4:2.

Во второто четвртфинале, актуелниот шампион Асп Пак со сигурна игра ја совлада БЗ Груп со 2:0 и продолжи во трката за одбрана на трофејот.

Ввторник на турнирот е слободен ден а возбудувањата продолжуваат во среда со полуфиналните пресметки.

Полуфинале – среда (05.08.)

21:00 Златара Бени Ерол – Сатеска
22:00 Асп Пак – Бразилиан

OhridNews