Марлин – Скопско , Бекче – Вис Пој се полуфиналните двојки на тунирот во мал фудбал Охрид 2008. На синоќешните четврт финални натпревари фаворитите остварија убедливи но нималку лесни победи.
Ликвид достоинствено се прости од натпреварите откако беше совладан од Скопско со 3-1. Ликвид дојде во предност преку Димоски, а во финишот на полувремето израмни Ѓоршески. Со двата гола во вториот дел на Речкоски Томче Скопско стигна до победа кој им обебезбеди пласман во полуфиналето и меч против Марлин Лескоц.
– Заигравме како треба и стигнавме до победа и пласман ½ финалето. Играме против тимот на Марлин,се надевам на добар меч па подобриот нека победи – рече по завршувањето на мечот Љупчо Митрески.
Последниот патник во ½ финалето беше познат по мечот помеѓу Вис Пој и Далче. Во неизвесен и на моменти нервозен натпревар, (имаше 4 исклучувања) по искусната екипа се снајде подобро на теренот и славеше со 4-1. Први во водство преку Божиноски Крсте дојде тимот на Далче, преку Стефноски Вис Пој израмни на 1-1, а со хет трикот на Ѓорѓиески Мишко, Вис Пој стигна до висока и убедлива победа
Полуфиналните натпревари се играат вечерва :
20.00 Марлин – Скопско 21.00 Бекче – Вис Пој
Финалето се игра во Четврток во 21 часот
Поклон топка од Организациоскиот одбор доби најмладиот на трибините на синоќешните натпревари 4- годишниот Дарјан.
Поранешни ракометарки од Струга повторно се вратија на терен и формираа ветерански тим на ЖРК „Стружанка” Дел од нив се и поранешни репрезентативки на Југославија и Македонија во ракомет Се собрале...
Во рамките на 10 коло од Прва лига мажи, екипата на ГКК Охрид ја пречекува екипата на КК Вардар од Скопје во натпревар кој ветува борба, енергија и врвна кошарка Дерби исполнето со ривалство, страс...
Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во последниот натпревар пред паузата во првенството во Супер лигата Вечерва во Радовиш Охрид славеше над истоимениот домаќин 14:37 Во првенството сл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.