Серена Вилијамс, Сара Ерани и Марија Шарапова ја комплетираа листата на полуфиналистки, во женска конкуренција, на последниот грен слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД. Најголемата фаворитка за освојување на трофејот, Серена Вилијамс, во четвртфиналето на теренот мина 57 минути, време кое и беше потребно да ја победи Ана Ивановиќ со 2:0 (6:1, 6:3).


Серена во полуфиналето за противничка ќе ја има Сара Ерани, која во италијанската четвртфинална пресметка ја победи својата добра пријателка и дубл партнерка Роберта Винчи со 2:0 (6:2, 6:4).

Втората полуфинална двојка ја формираа Викторија Азаренка, која во вторникот ја победи Саманта Стосур и втората носителка Марија Шарапова. Русинката по голема борба која траеше речиси два и пол часа, ја совлада Марион Бартоли со 2:1 (3:6, 6:3, 6:4)

Ohridnews
“Макфакс“