По одигрувањето на четвртфиналните натпревари познати се полуфиналните двојки на Европското првенство во ватерполо, чии домаќин е Ајндховен.
Актуелниот светски првак Италија ја победи Германија со 9:4 и во полуфиналето ќе игра со Србија. Дуелот меѓу овие две репрезентации ќе биде своевидна реприза на финалниот натпревар на последниот Мундијал.
Втората полуфинална двојка ја формираа Унгарија и Црна Гора, ваквиот епилог следува откако Црногорците во четвртфиналето со 11:9 ја совладаа Грција.
Полуфиналните средби на програмата се во петок, додека финалниот натпревар и натпреварот за трето место ќе се одиграат во недела.
Македонската репрезентација, која доживеа фијаско на ова Европско првенство, на кое отпатува со големи амбиции, во петок против Турција ќе се бори за избегнување на последното место.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...