Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ во 1/2 финалето од лондонскиот гренд слем турнир ќе се сретне со Хуан Марин Дел Петро додека Енди Мареј против полјакот Јановиќ.

Најштеко до пласман во 1/2 финалето стигна Енди Мареј, кој против Фернандо Вердаско имаше негатива од 2-0 во сетови. Бодрен од домашната публика Мареј направи комплетен пресврт и обезбеди меч за финале на „Вимболдон“.

Рекетот број еден на АТП листата Новак
Ѓоковиќ продолжи со маестралната игра на лондонскиот гренд слем турнир
победувајќи го Томаш Бедрих со 3-0 во сетови.

Ѓоковиќ сеуште на Вимболдон нема изгубено сет, а блиску да
му „украде“ беше Бедрих, кој во вториот имаше предност 3-0, но и тоа не
беше доволно за Чехот да го изедначи резултатот.
Потоа играта на
Бедрих се распадна, а Ѓоковиќ тоа го искористи и рутински стигна до
полуфиналето на најстариот гренд слем турнир.

Во полуфиналето на
српскиот тенисер му се придружи Аргентинецот, Хуан Мартин Дел Потро, кој
3-0 славеше против вицепрвакот од Роланд Гарос, Давид Ферер.

Мх.П.