Познати првите патници во четвртфиналето на “Охрид 2010“
26.03.10 00:05
Екипите на Скопско, Фаворит, Вис Пој и Спарадјз обезбедија пласман во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал Охрид 2010.
Бранителот на трофејот Скопско лесно и убедливо ја совлада екипата на Преспа со 5-0, не дозволувајќи изненадување на стартот на нок аут фазата. По првиот дел благодарение на хет трикот на Тасески, “зелените“ стигнаа до висока предност. Во вториот дел мрежата на Преспа ја затресе Митрески Пеце, додека конечните 5-0 ги постигна Тасески со неговиот четврти гол на мечот.
– Заслужено победивме, резултатот го отворивме во раната фаза од мечот и после рутински го одигравме натпреварот – рече капитенот на Скопско, Митрески Љупчо.
Во “обложувачкото“ дерби поуспешна беше екипата на Фаворит која со 4-1 го совлада Премиер. Во израмнета игра протекна првиот дел, а по пет минути игра во вториот мрежата на Премиер ја начна Христовски со неговиот втор гол на турнирот. Серијата ја продолжи Филев, кој трет натпревар во серија се запишува во листата на стрелци. Ристески зголеми на 3-0, додека четвртиот гол беше дело на Златаноски, почесниот гол на мечот за Премиер беше дело на Митаноски.
– Почнавме во грч, додека редовите ги консолидиравме во вториот дел, мислам дека заслужено одиме понатаму – рече стрелецот на вториот гол Филев.
– Приоритет за нас беше да се мине групата. Денес малку и среќата ни го сврте грбот, не реализиравме неколку прилки по што следуваше казна – истакна капитенот на Премиер, Никола Јанев.
Mинатогодишниот вицепрвак Вис Пој со подобра игра во вториот дел го совлада Инекс Горица со 4-2. Мируваа мрежите по првите 20 минути, а благодарение на воиграните комбинации екипата на Вис Пој стигна до 2-0 предност со головите на Стефаноски. Неколку минути подоцна прецизен беше Јованоски, а натпреварот надвор од дофат на Инекс го однесе Стојаноски. Со погодоците на Илоски и Чашитоски, Инекс го ублажи поразот.
– Ни требаше доста време да го скршиме мразот и да ја разбиеме нивната одбрана, по постигнатите два гола се беше полесно – истакна стрелецот на двата погодоци Стефаноски.
Последниот патник од вчершната програма е екипата на Спарадајз која со пресврт го победи Златен Прстен со 5-3. Со погодокот на Ампов на истекот на првиот дел Златен Прстен замина на одмор со позитивен резултат. На стартот на вториот дел Медароски зголеми на 2-0, навестувајќи го изнедувањето на првиот ден. Спарадјз фрли се на една карта, и преку Абазоски намали на 2-1. Следуваше гол серија на расположениот Нически , кој во период од 10 минути постигна три гола за комплетен пресврт и мирен финиш. Со голот на Златен Прстен во последната минута се врати неизвесноста, но Маркоски не дозволи разгорување на играта погодувајќи за конечни 5-3 и пласман во четвртфиналето.
– Секогаш е потешко кога ја браните фаворитската улога, влеговме опуштено во мечот, што лесно можеше скапо да не чини – рече стрелецот на хет – трикот Нически.
На 27-мото издание на турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” во Волино, што годинава ќе биде од меморијален карактер во чест на Крсте Илинкоски, учество ќе земат 31 екипа поделени во 8 групи ...
Покрај Илија Трајчески “ракометниот бисер” кој потпиша професионален договор со екипата на ГРК Охрид и тренира со првиот тим, за оваа 2025/26 сезона пријавени за Супер лигата и Европски...
Од 16 до 30 август Охрид повторно ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма во градот Годинешното, трето издание ветува б...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.