Елиминацијата на Хамбург е најголемото изненадување во осминафиналните пресметки, во ракометната Лига на шампиони. Хамбург, кој натпреварите во фазата по групи ги заврши со девет победи и еден нерешен резултат, во Топ 16 фазата е елиминиран од Берлин. Екипата од главниот германски град забележа победа во двете средби, на првата 30:23, а во реваншот во Хамбург 23:24.
Останатите фаворити изборија пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа, таму ќе го нема македонскиот првак Металург, кој не ја одбрани предноста во Загреб.
Репрезент на македонскиот ракомет во четвртфиналето во Лигата на шампиони ќе биде Кире Лазаров, кој го носи дресот на Атлетико Мадрид.
Резултати:
Хамбург-Берлин 23:24 (прв натпревар 30:23)
Барселона-Монпеље 36:20 (28:30)
Кил-Висла Плок 27:24 (36:24)
Атлетико Мадрид-Шафхаузен 26:30 (36:24)
Веспрем-Адемар Леон 27:25 (28:31)
Копер-Киелце 25:23 (26:27)
Загреб-Металург 26:21 (18:19)
Копенхаген-Савехоф 26:24 (34:25)
Четвртфиналните двојки ќе бидат извлечени во вторник, ждрепката во седиштето на ЕХФ е закажана за 11:30 часот. Екипите на ждрепката ќе бидат поделени во два шешира, во првиот се Барселона, Кил, Атлетико Мадрид и Берлин, а во вториот ќе бидат Адемар Леон, Копенхаген, Загреб и Копер.
“макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com