Селекцијата домаќин на Европското првенство, Полска, Чиле и една репрезентација од Египет и Тунис ќе и бидат противници на Македонија во квалификациите за пласман на Олимпијадата во Рио де Жанеиро.
Вратите за влез во квалификациите за Олимписките игри на Македонија и ги отвори селекцијата на Германија која ја совлада Норвешка во полуфиналето по дополнителните 10 минути.
На Олимписките игри низ квалификациите пласман обезбедуваат најдобрите две пласирани селекциите од групите кои (ќе) се формираат. Квалификациите се во месец април, а Ракометната федарација на Македонија, селекторот, реперзентативците немаат премногу време до тогаш.
„Црвено жолтите“ мораат брзо да се екипираат бидејќи една шанса во Гетеборг испуштија, а уште една најверојатно во Полска ќе биде премногу.
OhridNews