Познати се шампионите во Детската фудбалска лига во југо-западниот региој кои ќе учествуваат на завршниот турнир во Скопје каде ќе бидат најдобрите екипи од сите региони.
Фер Плеј триумфираше во три генерации 2005, 2006 и 2007, титулата во 2004 година и припадна на Велешта, во 2003 славеше Караорман, а во највозрасната победи Фљамуртари.
Финалната разврска во Детската фудбалска лига која се одржа во Охрид понуди многу голови и возбудувања и дечињата учесници најавија голема борба за медалите на завршниот турнир во Скопје кој е на програмата е викендов што доаѓа.
OhridNews