По завршувањето на квалификациите за Светското првенство 2022, познати се 12-те учесници кои ќе играат во плејофот. Десет од нив беа второпласирани во своите групи, додека Австрија и Чешка доаѓаат преку Лигата на нации.

Во групата на носители се: Русија, Италија, Португалија, Шкотска, Шведска и Велс.
По ждрепката закажана за 26 ноември ќе се формираат три групи со по четири селекции. Во секоја група ќе се игра по еден полуфинален и еден финален меч. Победниците од сите групи ќе се пласираат на Мундијалот во Катар следната година.
Полуфиналињата ќе се играат на 24 март 2022 година, финалињата пет дена подоцна (29 март).
OhridNews










