Со реванш натпреварите од бараж средбите се спушти завесата на квалификацискиот циклус за ЕП во Полска и Украина кое е ќе се одржи наредната година. Последните патници се Португалија, Република Ирска, Чешка и Хрватска откако беа поуспешни во “поправните“ мечеви од БиХ, Естонија, Црна Гора односно Турција.


“Селесао“ со убедливи 6-2 ги “преслуша“ бисерите на Сушиќ и уште еднаш се Портгулаија се покажа како непрескоклива пречка за босанците. Хрватска рутинирано ја задржа стекнатата предност (3-0) од првиот натпревар и ремизираше без голови со Турција што беше доволно да се “чекира“ местото за Полска и Украина.


Република Ирска која беше сместена во нашата група пред своите љубетили одигра нерешено 1-1,  во првиот натпревар избраниците на Трапатони извојуваа висока победа од 4-0 која се покажа како пресудна во двомечот со Естонија. Чешка со “двојна“ победа го уништи сонот на  црногорците за пласман во завршницата на Европското првентсво.

Резултати      
Португалија – БиХ 6-2 (0-0)
Р. Ирска – Естонија 1-1 (4-0)
Хрватска – Турција 0-0 (3-0)
Црна Гора  Чешка 0-1 (0-2)

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

Мх.П.