На фестивалот, единствен од овој вид во Охрид, предвидено е да настапат познати џез бендови од соседните држави, од Македонија, како и еден од најпознатите џез музичари од САД, чие име организаторите сеуште не го откриваат.
Одржувањето на jazz festivalot ќе биде медиумски промовирано низ цела Европа, што воедно ќе значи и промоција на Охрид.
Идејата на организаторите е охридскиот Jazz festival да се одржува секоја година и да прерасне во еден од најдобрите jazz festivali во светот.