На три кола пред крајот на втората фаза познати се патниците во разигрувањето за титулата. По поразот на Вардар во Битола, црвено- црните и дефинитивно ги загубија шансите за пласман во плеј-офф. Она што сеуште е неизвесно, е прашањето кој ќе ги завземе позциите три и четири кои носат предност на домашен терен во ¼ финалето.
Разврската околу третата позиција за очекување е да биде позната во наредното коло во кое во директна пресметка се среќаваат Работнички – АМАК СП.
Со шанси за позицијата “три“ е и битолски Пелистер кој има ист број на бодови,43 со АМАК СП и Работнички. МЗТ ФОН ќе мора да се задоволи со шестата позиција.
Еве го распоредот на екипите на три кола пред крајот :
| 12 коло | 13 коло | 14 коло | |
| Работнички (43 п) | АМАК СП (д) | Фени Инд. (д) | Соколи (г) |
| АМАК СП (43 п) | Работнички (г) | Соколи (д) | Вардар ( Г) |
| Пелистер (43 п) | Фени Инд (г) | Струмица (г) | МЗТ ФОН (д) |
| МЗТ ФОН (39 п) | Соколи (г) | Вардар ( д) | Пелистер (г) |
Легенда : Д- дома, Г–гости











