Кафетеријата „Аквариус“ во сабота ќе реализира хуманитарна акција за собирање на средства за деца со пречки во развојот, згрижени во дневниот центар „Зраци“ – Охрид кој функционира со помош на Локалната самоуправа.
– Идејата датира од летото кога собиравме средства за млад охриѓанец кој требаше да се лекува во странство, а иницијатори беа медиумите од Охрид. Тогаш се носевме со идеа новинарите да ги ангажираме да работат како угостители, но во меѓувреме средствата беа собрани, па решивме да ја реализираме замислата во сабота на 06.12.2014. Тие ќе волонтираат во Аквариус заедно со познати јавни личности од политиката и театарот од 11:30 па се до 14:00, а собраните средства ќе бидет донирани на дневниот центар за деца со посебни потреби ”Зраци”. – вели Људмил Видически Буде од „Аквариус“.
Тој истакна дека изборот на волонтерите го направиле од редовните гости во „Аквариус“.
– Сакаме со ова да покажеме дека иако од различни политички опции политичарите можат да бидат единствени, а истото важи и за ”ривалите” во новинарството и уметноста . Исто така сакаме да придонесеме да се промени она застарено сфакање дека кафаните се места кои не делуваат позитивно на развојот на младите и дека се јавни објекти од каде почнуваат многу несакани работи.-рече популарниот Буде.
Идејата е оваа иницијатива да прерасне во традиционална акција која ќе се реализира најмалу еднаш до два пати годишно, а волонтерите ќе се одредуваат пред секоја акција, додаде Буде.
OhridNews