Кампањата ја поддржаа спортистите Данчо Целески и Реџеп Селман, пејачите Ѓоко Танески и Петар Нечоски и актерот и режисер Горан Стојаноски, кои заедно со младите активисти на Црвениот крст денеска делеа флаери со едукативна содржина на минувачите во центарот на Охрид, а на големиот лед дисплеј се емитуваа поучни пораки .
-Младите повеќе да слушаат музика, да се дружат и да заборават на дрогата и другите пороци кои ги демнат во животот.-истакна познатиот фолк пејач Петар Нечовски.
ДА за музиката и животот, НЕ за дрогата – Петар Нечоски
Проектот „Дрога вистини и заблуди“, СВР Охрид го организира со Црвениот крст од Охрид и е наменет за учениците од основните и средните училишта како и за родителите. Неговата реализација започна во 2008 година на целото подрачје што го покрива СВР Охрид а целта е акцентирање на штетните последици од злоупотребата на дрога и превенција.
Во изминативе две години проектот „Дрога-вистина и заблуди“ го проследиле 25.000 ученици и 9000 родители од вкупно 7 општини од регионов.