На две недели пред почетокот на ЕП, во Италија “пукна“ нов скандал околу наместени натпревари. Италијанската полиција тогаш ги повика на разговор фудбалерот на Зенит, Доменико Кришито и Леонардо Бонучи.  Подоцна беше повикан и тренерот на Јувентус, Конте а од пред неколку дена и Буфон беше на распит кај “карабинерите“.

Ваквите случувања во Италија, не им одат во прилог на фудбалерите а посебно не на селекторот Прандели кој огорчено му се обрати на јавноста преку националната телевизија.

Ако е добро за фудбалот во Италија, не е проблем нема да патуваме на ЕП. Очигледно дека има некои работи кои се поважни од фудбалот. Кога селекторот на “азурите“ Прандели беше запрашан за Буфон тој рече : Морате да го прашате него, тој е цврст карактер и знае да се носи со секоја незгодна ситуација – порача Прандели.

Светскиот првак од 2006 година, Италија во групата на ЕП е со Шпанија, Хрватска и Република Ирска.

Мх.П.