Селекторот на Италија, Чезаре Прандели, кој комплетно ја промаши тактикичката поставеност во финалниот меч, го призна поразот но им се заблагодари на своите фудбалери.

– Видовме од самиот старт на мечот, дека тие беа посвежи, додека ние потрошивме многу енергија во изминатите неколку недели. Не погрешивме многу, но мака мачевми и со психичката стабилност. Беше фантастичен турнир и им благодарам на момците за сите возбудувања – рече италијанскиот стратег Прандели.

М.П.