Селекторот на италијанската репрезентација Чезаре Прандели не го криеше задоволството после пласманот во 1/4 финалето.

– Силно ја посакувавме победа на овој меч која ја остваривме многу тешко. Морам да ја пофалам софицистираната технологија, благодарение на тоа го отворивме резултатот. На натпреварот против Република Ирска со согласивме дека ќе изгинеме за Италија ако треба, затоа овој триумф им го посветувам на сите – беше коментарот на Прандели после завршување на мечот.

Италија во 1/4 финалето ќе го чека првопласираниот од Групата Д каде се наоѓаат Франција, Англија и Украина, четврта селекција е Шведска но таа нема шанси за пласман во 1/4 финалето.

Мх.П.