Италијанскиот селектор, Чезаре Прандели не го криеше задоволството по триумфот на пенали над Англија во четвртфиналето. Поставената тактика но и спортската среќа го дадоа посакуваниот резултат.


– Одигравме одличен меч и заслуживме да победими. Во текот на целиот меч се обидувавме да дадеме гол, а во пенал рулетот сигурно дека е потребна и среќа. Целта беше да ја држиме топката во нашиот посед, и да не дозволиме да се развие нивната контра што секако е нивното најјако оружје.- рече Прандели.


Во полуфиналето Италија ќе игра против Германија.

– Германија е фаворит, но оставете не да уживаме во оваа победа над Англија – заврши Прандели.