Италијанскиот стратег Чезаре Прандели неможе да биде задоволен по ремито 1-1 против Хрватска, кое ги врати чекор назад италијаните после ремито против Шпанија.


Испуштивме шанса. Игравме добро и ја контролиравме играта. Потоа по еден центрашут, лошо одигравме и примивме погодок. Зневме дека хрватите ќе играат вака со високи топки, но не успеавме да ја задржиме предноста.


Сепак презентацијата на мечот со Хрватска за Прандели е позитивна. – Имавме неколку можности за втор гол кои не ги искористивме, сепак одигравме добро во поле не дозволувајќи им да не загрозат.

И покрај двете ремија во првите два меча, селекторот останува оптимист околу пласманот понатаму, иако сега не ја одлучуваат сами својата судбина.

Ние продолжуваме да се надеваме во нашите сили, но и во спортскиот ферплеј кај останaтите екипи – вели Прандели.