Во првиот свој мандат, на првото големо натпреварување селекторот на Италија, Чезаре Прандели успеа да ги одведе “аѕурите“ во големото финале.

 – Во последните минути неколку пати испуштивме шанси за да го зголемиме на 3-0 и дефинитивно да ставиме крај на мечот. Не успеавме и се повлековме во нашиот казнен простор, но сметам дека одигравме еден одличен меч – се првите реакции на селекторот Прандели по победата над Германија.

Внимавајте на Италија. Италија не овој шампионат покажа да знае да игра и дека популарното “катенаџо“ е минато.- Ќе напоменам дека кога се зборува за Италија, сите мора да внимаваат на нас. Одигравме перфектен меч. Покажавме како се сака и како се игра за националниот дрес.

Меч го одлучи Балотели. Дали ова е неговиот најдобар меч во кариерата? – Неговата кариера штотуку започна. Шпанија е фаворит, но и ние не сме безопасни. -вели Прандели.

Италијаните го живеат својот сон. Но Чезаре Прандели вели дека досега направеното треба да добие потврда. – Ова е најзначајниот меч на Европскиот шампионат. Сонот само што започна. Ќе пронајдеме енергија, и тие се потрошија многу, но в недела тргнуваме од нула – заклучува Прандели.

М.П.