Ниту некој, како поединец, ја спасувал Дебрца од намерите во Годивје да се гради регионална депонија, ниту, пак, ќе ја спасува во иднина. Тоа прашање повеќе нема да се повторува, ставено е ад акта за сите времиња, мегу другото, и со зборот на премиерот Заев, рече на денешната тематска конференција директорот на Комуналното претпријатие при општина Дебрца, Игор Крцоски – Манце, кој е и кандидат за градоначалничкото место.

Тој се заложи за натамошна грижа и оспособување на општинските служби во создаваљње на услови за развој на еко и руралниот туризам, по примерот на “Етно село Андревци” во Годивје, СРЦ “Бела Каса” во Црвена Вода и слично.

Со своите активности, на еколошки план, но и во уредувањето на селските задружни домови и училишни згради, во Спомен-домови на револуционерната борба и антифашистичката војна, Организацијата на ветераните од Охрид и Дебрца, даде несомнен придонес во создавањето услови за враќање на животот во Дебрца. Многу села живеат, многу луѓе се вратија, многу домови се обновија, се градат нови куќи, се бараат празни дворови од заинтересирани купувачи, рече претседателот на Организацијата, полковник Добре Вељаноски.

Конференцијата, формално, ја организираше Организацијата на ветераните од одбраната и заштитата, за општините Охрид и Дебрца, чии активисти, исто така, масовно застанаа, заедно со денешните и поранешните жители на оваа рурална општина, во спречувањето на некогашните намери.

OhridNews