
Целта на средбата што ќе се одржи во големата сала на општината, е како што соопшти Локалната самоуправа да се овозможи граѓаните преку непосреден контакт со градската власт да добијат конретни и компетентни одговори на прашањата, забелешките и проблемите со кои се соочуваат во однос на работењето на општината.
Спомнатата средба Градоначалникот ја организира, меѓу другото, и со цел да се надоместат обидите на граѓаните кои во меѓувреме имале потреба да се сретнат со него, но тоа не се реализирало заради негова презафатеност или промена на планираните дневни активности и обврски, стои во соопштението на локалната самоуправа.
ohridnews












