По прекин од две години, денеска и утре во Стразбур, ќе се одржи 14 состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – РМ и ЕУ.

Во шестчлената делегација на македонското Собрание, учествува и пратеничката на СДСМ од Охрид, Жаклина Лазаревска. Таа ќе има воведно излагање по однос на имплементацијата на Планот 3-6-9 и препораките на групата експерти на високо ниво за системските прашања од владеењето на правото по однос на Реформите во медиумите во Република Македонија.

Делегацијата ја предводи Горан Милески од ЛДП, а во неа уште се и Антонио Милошески-ВМРО ДПМНЕ (потпретседател), Реџеп Мемеди-БЕСА (член), Бетијан Китев-СДСМ (заменик член) и Ејуп Алими-ДУИ (координатор).

OhridNews