Во канцеларијата за комуникација со граѓаните денеска се оствари средба помеѓу пратениците Жаклина Лазаревска и Рубин Земон и претставници на студентскиот парламент на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”.

Пратениците ги сослушаа барањата и грижите на студентите во врска со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”, разговараа по истите и дадоа свое објаснување околу мотивот и потребата за изменување и дополнување на законот, информира пратеничката канцеларија на Лазаревска и Земон. .

– Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” нема да оди по скратена постапка, туку ќе оди по редовна постапка;
– Помеѓу двете читања на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле, Матичната Комисија за образование, наука и спорт ќе организира јавна дебата на која ќе бидат повикани сите релевантни и заинтересирани страни;
– Законот ќе претрпи амандмански измени што ќе произлезат од јавната дебата со посебен акцент на заштитата на правата на студентите, вработените и наставниот кадар;
– Согласно Законот за високо образование, усогласувањето и терминологијата на постоечките акредитирани факултети ќе се направат напори истите да го задржат статусот на Универзитетот. – се вели во информацијата.

Целта и мотивот на пратениците Жаклина Лазаревска и Рубин Земон како едни од предлагачите на овој закон се Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” согласно Законот за високо образование и градот Охрид, да се етаблира во мапата на квалитетни светски универзитетски центри, базиран на традициите на Охридскиот Светиклиментов Универзитет, стои во соопштението.

OhridNews