Пратеникот од Охрид Александар Николоски, ќе учествува како член на ад-хок Комитетот за набљудување на изборите во Бугарија, што ќе се одржат на 6-ти октомври, пренесува „Макфакс“.

Тој ќе ја предводи мониторинг мисијата за избирачките места кои се во регионот на главниот град на Бугарија, Софија.

Шефот на делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, беше член на ад-хок комитетот за набљудување и на минатогодишните парламентарни избори во Бугарија.

Николоски беше набљудувач и на претседателските избори во Азербеџан во 2013 година.

OhridNews
извор:„Макфакс“