Претставниците на дијаспората изразиле поддршка за економската политика на Владата на Република Македонија искажувајќи ја заинтересираноста за државата како атрактивна дестинација за инвестиции. Исто така изразиле благодарност до Владата и Парламентот за потпишувањето и ратификацијата на договорот за социјално осигурување со Канада со кој се овозможи на македонците од Канада да можа своите пензии да ги примаат во Македонија. Било искажано и задоволството од правото на глас кое го доби дијаспората, со кое ќе се овозможи дијаспората да има свои преставници во Парламентот. Се разговарало и за можностите за развој на туризмот во Македонија.
Во рамките на својата посета Николоски од 3 до 6 јуни ќе биде гостин на глобалната конференција на Обединетата македонска дијаспора кој ќе се одржи во Торонто. На конференцијата ќе учествуваат преставници на македонската дијаспора од целиот свет, како и врвни канадски политичари. Во рамките на конференцијата охридскиот пратеник ќе оствари средби со бројни претставници на дијаспората. Исто така на 4 јуни ќе го посети градот Хамилтон, а на 6 јуни градот Виндсор каде ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора. Николоски ќе оствари бројни средби и со политичари од Канада, како пратенци во националниот праламент и праламнетот на Онтарио и други претставници на регионалната и на централната власт.