Охридскиот пратеник Сашо Василевски е избран за претседавач на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни потреби, која беше формирана денеска во Собранието на Република Македонија.

Василевски истакна дека ќе се залага за унапредување на условите на лицата со посебни потреби појаснувајќи дека со новиот Закон ќе бидат опфатени над 2.000 работодавачи.

-Според проценките имаме околу 2.059 работодавачи кои имаат над 35 вработени лица и со примената на овој квотен систем би се вработиле околу 5.000 лица со посебни потреби. Само во јавниот сектор со оваа примена на квотниот систем ќе се вработат околу 1.700 лица, потенцираше пратеникот Василевски на денешниот состанок на интерпартиската група.

Ова е петта Интерпартиска група во која како лобисти се пратеници од сите политички партии во Собранието.

OhridNews