На осмото продолжение на конститутивната седница каде што воглавно на говорницата зборуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, процедурална забелешка изнесе пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски, кој рече дека СДСМ и коалцијата се откажуваат од говорење во интерес на де-блокада на Собранието. Кирацоски посочи дека клучот за оваа разрешница е преседавачот Трајко Вељановски.Тој ги прочита членот 89 и 90 од деловникот и посочи дека преседавачот Вељановски не ги почитува, со тоа што не ги прекинува пратеницие кога зборуваат надвор од точката на дневен ред.
„Ако работевте деловнички, зборот на 90 отсто од пратениците ќе им беше одземен, точката ќе беше завршена, ќе изберевме претседател, па дури и нова влада на Македонија. Затоа господине Вељаноски или работете во интерес на граѓаните или напуштете ја таа фотеља, посочи Кирацовски обраќајќи му се на Вељановски.
Му реплицираше Вељановски кој рече дека немал право да го ускратува правото на говор на пратениците и ги опоменувал кога го пречекорувале времето или зборувале надвор од темата. „Јас работам по деловникот, не е моја вина што денеска за реплика на Крсто Мукоски се пријавија 70 пратеници, а за станување од столот ќе почекате додека не заврши седницата, јас не сум Дедо Мраз да исполнувам желби.“, рече Вељановски.
На него се надоврза пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој рече дека никој освен Беса ни една друга партија нема регистрирано пратеничка група и и оттука како што кажа како што можел СДСМ да бара цело време процедурални забелешки за една иста тема ,така можат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. “Оваа конститутивна седница ја почнавме заедно и вие од СДСМ самите го баравте тоа. Да не помислувате да креирате инциденти во Собранието знаејќи дека и онака атмосферата, е тензична. Да бидеме стабилни затоа што на никој не му требаат нови проблеми.“
Претходно група пратеници од СДСМ, декларативно ја напуштија седницата во знак на протест за како што велат узурпирањето на говорницата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во салата единствено останаа лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратеницте Оливер Спасовски, Александар Кирацовски и Фросина Ременски.
OhridNews
извор Макфакс