Во рамки на проектот „Мобилен Парламент“, Граѓанската асоцијација МОСТ денеска во Струга ќе организира јавна средба на тема „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Струга“. Според најавите средбата ќе започне во 18 часот во хотел „Дрим“ и на неа можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.
-Целта на настанот е преку директна комуникација со избраните претставници отворено да се разговара за овие прашања со оглед на фактот дека ова се прашања кои ги засегнуваат сите граѓани на Струга. Загадувањето на животната средина од локалната депонија негативно влијае и на здравјето на граѓаните како и на економскиот развој и туризмот во регионот. Дополнително загрижувачки се и последните информации за загадената вода за пиење, информираат организаторите.
На дебатата ќе говорат пратеници, како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, а поканети се и претставници од локалната самоуправа.
Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.
OhridNews