По предлог на Владата, по скратена постапка, Собранието изгласа потреба за донесување на Закон за укинување на пописот. Одлуката ја прифатија 60 пратеници, додека против беа 37.

Претходно опозицијата повика премиерот Никола Груевски да дојде во Собранието и пред пратениците да ги образложи причините за прекинот на пописот, но и да ги оправда потрошените 14 милиони евра за организацијата на процесот.

За предлогот расправаше и собраниската Комисија за политички систем. Утре, е предвидено  предлогот да се најде на пленарна седница.

Предлогот на Владата за прекин на пописот беше донесена вчера, по колективната оставка на членовите на Државната пописна комисија пет дена пред неговото завршување.

OhridNews
извор: Makfaks