Пратениците на Демократската партија на Албанците (ДПА) денес се вратија во Собранието, откако Централното собрание на партијата донесе ваква одлука. Претседателот на партијата, Мендух Тачи, рече дека ги прифатиле повиците на меѓународната заедница, како партија да дејствуваат во Законодавниот дом.

Пратениците на ДПА го напуштија Собранието пред два месеци по инцидентот којшто се случи на комисиската расправа за ребаланс на Буџетот меѓу пратениците на оваа партија и нивните колеги од владејачката Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Кавгата премина во тепачка меѓу неколку пратеници од двете партии од албанскиот блок.

OhridNews

извор Макфакс