
ОИК првичните резултати за градоначалник, ги објавуваат во рок од седум часа по завршувањето на гласањето.
Конечните резултати од изборите за градоначалник, ОИК треба да го објават најдоцна 24 часа од завршувањето на гласањето.
ДИК првичните резултати од изборите треба да ги објави во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа по нивната конечност.
Секој подносител на листа на кандидати во постапка за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.
Против одлуката на ДИК подносителот на листата на кандидати може повторно во рок од 48 часа од приемот на решението, да поднесе жалба до Управиот суд на Република Македонија, кој пак по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.












