2.За време на изборната кампања Ohridnews бесплатно, ќе информира за изборната постапка и ќе презентира информации од јавен карактер поврзани со изборите. Информациите од Министерството за правда, МВР, ДИК и другите надлежни институции задолжени за спроведување на изборите ќе бидат објавувани во рубриката соопштенија или преку новинарски извештаи во блокот вести. Ohridnews избалансирано ќе информира од митинзите на политичките партии, како и од прес конференциите, кои ќе бидат пренесувани во куса форма.Сите останати форми на медиумско претставување, вклучително и сервисот соопштенија, политичките субјекти вклучени во кампањата ќе можат да ги користат за сопствена промоција во делот на платеното политичко рекламирање
3. На сите учесници во изборната кампања Ohridnews ќе им овозожи платено политичко рекламирање под подеднакви услови, согласно официјалниот ценовник за платено политичко рекламирање на претстојните локални и претседателски избори, кој e доставен на политичките субјекти. Платеното политичко рекламирање ќе се емитува во посебен простор предвиден за таа намена, јасно обележан и одвоен од останатите содржини, согласно законските прописи.
4. Предност во избирање на простор за рекламирање и поставување на банери и други рекламни содржини во делот за платено политичко презентирање, ќе имаат субјектите кои први ќе склучат договор со Ohridnews.
5.За време на изборната кампања редакцијата ќе се труди дневните информации, вестите и извештаите за изборните случувања да ги објавува навремено и непристрасно. Учесниците во кампањата ќе имаат право на демант, бесплатно и во најкус рок, само на објавените информации од и на електронскиот весник www.ohridnews.com.
6. Согласно законите и пропишаните правила, за време на изборната кампања нема да се објавуваат информации за активностите на претставниците на државните органи и институции, на органите на локалната самоуправа и на други јавни личности, што се во функција на изборната кампања, а не се најавени како такви.
7. Ohridnews нема да објавува вести, информации, соопштенија и реклами кои поттикнуват било каква верска, национална или друга нетрпеливост и повикуваат на насилно уривање на системот и бојкот на изборите. Исто така нема да се објавуваат информации, фотографии, видео и аудио записи кои се однесуваат на деца помлади од 14 години.
8. Во периодот на избори редакцијата на Ohridnews ќе се воздржи од коментари, освен во случај на флагрантно кршење на изборните правила. Во тој период нема да се објавуваат колумни и писма на читатели кои се однесуваат на изборната кампања и учесниците во неа.
9. Согласно начелата за професионално и непристрасно известување, Ohridnews им забранува на своите вработени и на лицата ангажирани хонорарно било каков ангажман во изборната кампања.