
Во истиот рок Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.
Пријавата “ДДВ-01“ може да се преземе преку веб страницата на УЈП и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат.
Истовремено, од УЈП потсетуваат дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочива стопанска дејност.
OhridNews











