Разубавената ривера, украсениот плоштад и богатата празнична програма која ja нуди градот, само ја навестуваат новодишната еуфорија која полека ги зафаќа охриѓани. Градот блесна во прекрасно руво, а раздвиженоста во текот на целиот ден говори за исполнетоста на капацитетите. Целодневните забави до раните утрински часови и дружењето со најблиските, се карактеристични за најлудата ноќ во годината.

Но често граѓаните, овој ден знаат да го прослават со некоја чашка повеќе. Изминативе години охриѓани се сведоци на се поголемиот број млади лица, кои го злоупотребуваат алкохолот.  Па затоа, дежурната медицинска служба е подготвена да одгвори на барањето на граѓаните. Од оваа установа апелираат да се внимава на внесената количина алкохолни пијалаци, а најмладите во никој случај да не го злоупотребуваат овој напиток.

Во текот на новогодишните празници, граѓаните особено да внимаваат на алкохолот. Младите во никој случај да не конзумираат алкохолни пијалаци, а доколку некое лице се доведе во алкохолизирана состојба да не го напушта местото каде што прославува. Сепак службата како и секој обичен ден, ќе одговара на повиците и барањата на граѓаните за помош.“  – вели д-р Ацо Стојаноски, од Службата за итна мединцинска помош од Охрид.

Тој исто така предупредува до сите возачи, да не управуваат со своите возила доколку конзумираат алкохол, а младите да избегнуваат користење на пиротхенички средства.

Секогаш има дежурна екипа која секојдневно е на готовс. Во овие празници најголем акцент треба да се стави на алкохолот. Доколку граѓаните го конзумираат, во никој случај не треба да управуваат со своите возила. Младите, тинејџерите и децата да избегнуваат употреба на петарди и друга пиротехника со цел да не се загрози безбедноста на граѓаните“ – додава д-р Стојаноски.

OhridNews