Sky Corner

Од 11.10.2019 - 21:00 до 12.10.2019 - 01:00

Ништо не може да ги разбуди сетилата како добрата храна. Ако е уште внимателно искомбинирана со квалитетно вино и одличен амбиент, уживањето е загарантирано.

„Sky Corner“ на 11 Октомври, петок, најавува вистинско гастрономско уживање. Гала вечера во ресторанот со уникатен амбиент и импресивен поглед, која ќе понуди ексклузивно мени со пет гангови (видови храна). Со секој следи чаша вино од винаријата „Бовин“ специјално селектирано од сомелиер. Уживањето ќе биде надополнето со одбрана сентиш музика во изведба на Ѓоко Танески. И сето тоа само за 950 денари.

Резервирајте на време, затоа што местата се ограничени!

Дополнително, за продолжениот празничен викенд „Sky Corner“ нуди можност за комбинација на гала вечерата со две или три ноќевања по промотивни цени.

И не заборавајте, љубовта доаѓа од стомакот!

OhridNews