Со традиционалната топла ракија и музика, по чинот на фрлањето на светиот крст, низ Охрид се слави празникот Богојавление – Водици. Кафулињата и рестораните преполни со расположени гости.

 Се полни од осветената вода од езерото за здравје, се палат свеќи во верските храмови.

Оние кои што не се искапиле во езерската вода рано утрово, тоа го прават во попладневните часови.

Традиционално,градските маала организирано за празникот. Со пача, топла ракија, салата од кисела зелка, жителите се загреваат пред да влезат во вода. Никој не се жали на студената вода чија температура годинава е 11 степени.

Како што вели народот- кој се капи денес не фаќа настинка.Капењето во осветените води е за здравје.

Т.К.