Бадник- Коледе денеска ќе биде одбележан во сите парохиски цркви во Охрид со утрена богослужба со царски часови, што ќе се одржи во 7.30 часот.
Во петок, на рождеството христово-Божикќ во црквата „Свети Никола“-Геракомија ќе се служи света архиерејска златоустова литургија што ќе започне во 8 часот и 45 минути.
Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви, освен на Плаошник, каде за Божиќ нема да има богослужби.












