Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година кои оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2026 година, од вкупниот број туристи, 24.9 % се домашни, а 75.1 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во септември 2026 година изнесува 264 370, од кои 33.8 % се од домашните туристи, а 66.2 % од странските туристи. Најголем број странски туристи биле од Турција, вкупно 27.933, по нив од Србија 8.358, Германија 6.633 и Полска 4.656, се посочува во податоците.

Во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.0 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 3.0 %.

Во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 3.5 % така што кај домашните туристи има зголемување за 2.4 %, а кај странските има зголемување за 4.6 %.

OhridNews