Ресторан Острово

Од 19.01.2022 - 13:00 до 19.01.2022 - 18:00

Водици се слават насекаде, но како во охридско нема никаде. Овој празник на брегот на Охридското Езеро има посебна магија која не може да се опише, треба само да се доживее. Величенствено е на Водици од Охрид до Св. Наум, каде верскиот ритуал е посебен под ѕидините на вековниот манастир, на изворите на Дрим.

Водици во Св. Наум - Архива OhridNews
Водици во Св. Наум – Архива OhridNews

По положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро во Св. Наум, попладнето во ресторан „Острово“ ќе гостува извонредниот оркестар на Игор Димовски со нивниот супер популарен проект „Пауза за ракија“.

Извонредниот музички проект „Пауза за ракија“ за Водици во ресторан Острово
Извонредниот музички проект „Пауза за ракија“ за Водици во ресторан Острово

За Водици, освен одбрана музика за душа, во „Острово“ ќе има попуст на целото мени од 20%, велат од познатиот ресторан.

Музичкиот проект „Пауза за ракија“ на Игор Димовски, е концептуално осмислен настап со внимателно избрани мелодии, кој доживува голем успех по промоцијата на овие простори.

OhridNews