Дел од македонската политичка сцена денеска го празнуваше големиот христијански ден, Богојавление -Водици во Охрид и го проследи фрлањето на светиот крст во Охридското Езеро.
Независниот кандидат за претседател на државава, Љубе Бошковски во негов стил: „Ова за мене е ден кога се влегува во христијанската религија, традиција длабоко врежана во свеста на христијаните. Ова што денеска го видовме, влегувањето во студените охридски води, ги влече љубовта надежта и верата, основните христијански вредности“, изјави Бошковски во Охрид. Тој денеска не сакаше да зборува за политиката и неговата кандидатура. „Толку е голем овој празник што денеска не сакам да зборувам за политиката и за амбициите. Ним им ги оставам на оние кои мислат дека со амбиции можат да успеат“, рече Бошковски.
На манифестацијата во Охрид, а потоа и во ресторанот „Света Софија “ денеска беше и претседателот на Социјалдемократската унија на Македонија, Лазар Еленовски, кој попладнево присуствуваше и на чинот на отварањето на партиските простории во Охрид.
„Социјалдемократската унија сакаше да даде свој придонес во одбележувањето на овој празник. Денеска исто така се отворија просториите на општинската организација. Во завршна фаза сме на подготовките на изборите и се надеваме дека во Охрид ќе излеземе со влијателна и значајна листа на искусни и авторитетни личности“ изјави Еленовски. Претседателскиот кандидат поддржан од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска не сакаше да даде изјави за медиумите. Како што ни беше речено од владејачката партија, Иванов нема да дава изјави за да не ги прекрши правилата на Советот за радио-дифузија. „Сепак сме на власт и треба да бидеме пример за сите останати. Да ги почитуваме правилата, прописите и законите“ дополни пратеникот Александар Николовски.
Денеска во Охрид беше забележано присуството и на пратениците од ДПМНЕ од Охрид, Анита Кипаризовска-Крстевска, Владо Стефаноски, Цветко Грозданов, како и на директорот на ЕЛЕМ, Владо Чингоски.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.