Голем број граѓани го искористија слободниот ден од работа и прекрасното време на празникот Св. Климент за прошетка покрај кејот, кафе муабет со блиските или за рекреација. Во центарот на Охрид во текот на вчерашниот ден се чуствуваше голема раздвиженост како на луѓе, така и на атвомобили.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска во Охрид ќе биде сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. По котлините ќе има услови за претпладневна слаба магла. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 10 степени.
Во сабота ќе преовладува сончево време со слаб северен ветер, претпладне по одделни котлини со појава на слаба магла. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 10 степени. Слично време не очекува и во недела.
OhridNews