Големиот верски празник, „Успение на Пресвета Богородица–Голема Богородица“, вчера, масовно се одбележа и кај истоимената црква во селото Завој.

Повеќе од 1000 верници, луѓе кои потекнуваат од Завој, но и туристи, организирани групи имаа можност да бидат дел од прославата која традиционално секоја година се организира во селото Завој, сместено меѓу планините, помеѓу недопрената природа.

Беа дел од заедничкиот ручек,а за забавата се погрижи естрадната пејачка Сања Ристеска.

OhridNews