Илјадници охриѓани и гости во текот на целото претпладне го исполнаа Кејот на езерото и кафулињата.

Отворените тераси беа претесни за ди ги примат бројните гости кои по фрлањето на крстот сакаа да се напијат топла ракија во некое од кафулињата и рестораните.


На секој чекор се пееше и славеше големиот празник.



Полни беа и црквите во кои во чест на празникот се палеа свеќи.



Членовите на тајфата на годинешниот фаќач на крстот од врата на врата ја пееја песната Војордание. 

OhridNews